Германскиот фудбалер Тони Крос сака да го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната,
информира „АС“. 29-годишниот фудбалер планира да ја промени средината по крајот на оваа
сезона.

Во Реал Мадрид гледаат позитивно на евентуалната разделба со полудефанзивецот, бидејќи во
клубот ќе влезат приходи од неговата продажба, а освен тоа ќе биде ослободена и дополнителна
ставка за плати. Крос е еден од најплатените играчи во „белиот балет“.
Во исто време, Реал Мадрид не ја крие својата желба да направи голем број промени во својот
среден ред, а во план е привлекувањето на Пол Погба или Кристијан Ериксен. Французинот и
Данецот се посакувани од тренерот Зинедин Зидан.
Се тврди дека интерес за германскиот фудбалер има од Манчестер Јунајтед.