Одборот на извршни директори на Светската банка одобри рамка за партнерство со Србија за фискалниот период 2016-2020 година.
Централниот борд предложи на Светската банка програма за над 1,6 милијарди американски долари во помош на Србија, а Меѓународната финансиска организација – финансира повеќе од 600 милиони долари за 5-годишен период. Целта на оваа помош е Србија да развие конкурентна економија, кое ќе помогне во интеграцијата на земјата во Европската унија.
Одборот на извршни директори го поздрави стабилниот напредок на Србија во спроведувањето на структурните реформи, кои би требало да доведат до фискалната стабилност на земјата и да создадат услови за конкурентна економија.
Централниот борд и Групата на Светската банка ја претставија стратегијата за намалување на сиромаштијата во Србија и зголемување на просперитетот. Стратегијата е насочена кон враќање на српската економија кон стабилен економски раст, од кој треба да се фаворизираат најсиромашните групи од населението .
За да се постигне раст, како што се тврди во истата стратегија, Србија треба да создаде економија, насочена кон извоз надвор од земјата, додека во исто време треба да обезбеди подобар пристап до пазарот на трудот за сиромашните работници и за луѓето со ниски квалификации.
Светската банка, исто така, се обврзува да создаде програма која ќе и помогне на Србија да привлече инвестиции кои и се потребни за да се отворат нови работни места и да се постигне економски раст.
“Србија има историската можност да изврши важни реформи и да си помогне на патот кон просперитет и интеграција со Европската унија”, велат од Светската банка. “Ние веруваме дека оваа реформа ќе помогне да се врати економскиот раст, кој е важен за намалување на сиромаштијата”, изјави тој. Според него, крајната цел е “да се подготви земјата да стане достоен член на Европската унија”.
И во моментов Светската банка поддржува осум проекти во Србија, кои се во вкупна вредност од 1,2 милијарди долари.
Во моментов при залдени однсои меѓу Западот и САД, србија зема и неколку големи кредити од Русија и Кина.

