Крпена коалиција без легитимитет, потребни се веднаш предвремени избори, реагираат од Белата палата

од Vladimir Zorba
105 прегледи

„Во рекострукцијата на владаta предводена од Ковачевски, има заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование“, анализираат утрово од Белата палата.

„Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ.

Толку од зелената агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДСМ“, посочуваат од партијата на Мицкоски.

Според нив, ова е крпена коалиција без целосен легитимитет од граѓаните.

„За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори“, истакнаа оттаму.