Крстевки: Највисоките политички кругови треба да понесат одговорност за Кочани, во оваа ситуација конкретно – министерот за внатрешни работи

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Највисоките политички кругови треба да понесат одговорност за Кочани, во оваа ситуација конкретно – министерот за внатрешни работи. Јас не велам дека негова е одговорноста за правно формално, меѓутоа тој и те како има одговорност, како една година министер, најмалку од се да биде позитивен политички пример дека мора некогаш да почне да се сноси морална одговорност, вели во интервју за РСЕ, Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

Изрази разочарување од Премиерот Христијан Мицкоски што се уште нема дојдено во Кочани и во неколку наврати го повикал лично.

– Вратата во општина Кочани за него е отворена, бидејќи тој е премиер на сите граѓани на оваа држава и само со помош на централната власт ние можеме да го издигнеме Кочани во следниот период и таа помош е неминовна и тие имаат должност спрема нашиот град за да помогнат. Исто и пратеникот – не видовме дека има некакви комуникации со жртвите, вели Крстевски.