Крстевски на денешниот протест: Системот ни генерира несреќи 30 години и ние сме тие што треба да го смениме

од Nikola Popovski
327 прегледи

При денешниот протестен марш во Кочани на родителите на настраданите млади, се огласи и в.д. градоначалникот на градот, Венко Крстевски. Тој се обрати пред присутните граѓани и порача дека со право се незадоволни од ситуацијата во градот. Им порача на родителите дека ги поддржува и тука е со нив за да ја истера правдата до крај.

-Правда мора да има и одговорност мора да има. Општината е осакатена, но да знаете дека ќе ја издигнеме. Ние сме тука во служба на нас и ќе ви помогнеме колку што можеме. Ќе потенцирам дека правда мора да има. Тоа е став на сите. Сакам да апелирам дека граѓаните не се сами. Потребна ни е поддршка од сите и апелирам за помош од сите затоа што Кочани се наоѓа во ваква ситуација. Системот ни генерира несреќи 30 години и ние сме тие што треба да го смениме системот, кажа Крстевски пред насобраните.

Тој додаде и дека ќе се бори од првите редови.

-Не ме интересира шест месеци мандат и дали ќе имам друг мандат. Мене политика не ме интересира. Никој тука не го интересира политика туку сите бараат правда. Тоа го покажуваме со нашите постапки, додаде в.д. градоначалникот при што доби аплауз од граѓаните на градот.

Слични содржини