Градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски обвини за опструкции откако трета недела по ред нема согласност од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска за да ја отворат детската градинка во која ќе бидат сместени 115 деца. Крстевски обвини и за опструкции и од инспекторски служби кои што не си ја вршат својата работа во делот за угостителски објекти, каде што е нарушена безбедноста на граѓаните.
-Денеска имаме опструкции и во Советот. Повторно не се гласа за меѓуопштинска соработка. Гледам навреди, обиди за тепачки…нешто што е недозволиво. Јас тоа како градоначалник нема да го дозволам, рече Крстевски во своето обраќање по денешниот физички инцидент пред советниците во Советот на Општина Кочани.
Според него, претходните два месеци сработено е можеби повеќе отколку во претходните три и пол години.
-На некого не му чини прогресот на ова место. Јас ќе се спротивставам на овие партиски игри и нема да дозволам да поминат. Во интерес на кочанчани ви ветувам дека во следниот период ќе работам уште по посветено, се со цел да ги запазиме законските стандарди и да успееме да исплива правдата на површина, изјави Крстевски.