Крунскиот сведок избега

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Вистинските судски процеси во ова предизборие можат да ги однесат делбите во јавноста на друга страна која е најризична да се изгуби власта.

erol-rizaov[1]

Замислете ако граѓаните на Македонија без разлика на својата национална и верска припадност почнат да се делат на тие што се за слобода и демократија и тие што се за режим. И уште понатаму на тие што се за конечна пресметка со организираниот криминал во врвот на власта и тие што се да се забошоти сето она што го слушнавме во прислушуваните разговори.

 Каков би бил резултатот на изборите ако се’ повеќе луѓе почнат да се прашуваат дали попречувањето на правдата и на владеење на правото, бегањето од одговорност, баснословното задолжување на сегашните и идните генерации, бедата и сиромаштијата треба да биде нивната иднина, или европеизацијата и изградбата на модерна држава со отстранување на опасноста од нејзино исчезнување со членство во НАТО. Делбите за чесност, или за криминал, за правна држава, или за власт без контрола, за слобода и демократија, или за тиранија и деспотизам се всушност најважните работи за Македонија и иднината на нејзините граѓани за кои ако нема груба пропаганда и заплашување, не би смеело да има ни грам дилеми.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука