Руската двојка беше венчана од огромен мечок на една прилично чудна церемонија во шумата. Младенците Денис и Нелја признаваат дека биле “малку исплашени” од огромната кафеава мечка Стјепан, но и покрај тоа се многу среќни што токму пред неа ги размениле заветите.
30-годишните Денис и Нелја се родум од Москва. Тие одлучиле да се венчаат пред овој мечок бидејќи: “И двајцата знаевме дека Стјепан е многу посебна мечка. А сепак тоа е огромно, непредвидливо животно, па бевме малку исплашени, но сепак среќни што го реализиравме овој наш сон. ”
Стјепан има 23 години, а е одгледан од руската двојка Светлана и Јуриј Пантелеенко. Тие го посвојуваат на возраст од само три месеци откако тој е откриен од ловците во шумата, бидејќи ја изгубил мајка си.
Во Русија законодавството ги обврзува луѓето да се однесуваат почитувајќи ја благосостојбата на животните и оваа мечка е одгледана како домашно милениче.
Видете ги фотографиите од чудната свадба во галеријата.