Крв на ракавот на пратеничката Шкријељ по инцидентот во Собранието

од Nikola Popovski
360 прегледи

Станавме во обид да спречиме понатамошен развој на настаните, кои што не би смеело да е слика во нашето Собрание. Граѓаните чекаат на нас да работиме на Закони, политики, мерки, кои ќе ни го подобрат живеењето. Граѓаните не треба да гледаат вакви сцени од Собранието, посебно не кога зборуваме за нешто што значи унапредување на правосудниот систем, изјави вечерва пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ која беше присутна на седницата на Комисијата за европски прашања каде што се случи инцидентот меѓу претседавачот Арбер Адеми и пратеници од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците.

По дадената изјава, пратеничката покажа дека има крв на ракавот, како резултат на инцидентот во собраниската сала.

-Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по целодневното кршење на Деловникот му се нафрлија и го нападнаа претседателот Адеми, со пцости, вулгарности и физички контакт. Злото има име и презиме и лице, а за жал тоа се дел од луѓето од опозицијата кои не заслужуваат веќе да ги нарекувам колеги!, објави претходно Шкријељ на социјалните мрежи.

Слични содржини