71
Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Гостивар-Тетово, во која загина 33-годишна жена, а шестмина други се повредени. Несреќата се случи денеска околу 15:30 часот, кога патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблички, управувано од Ј.С. (22) од село Пирок, излетало од патот. Почината е сопатничката Ѓ.А. (33) од село Боговиње, додека повредени се возачот Ј.С. и сопатниците В.Р. (28) од Боговиње, Ј.О. (21) од Пирок, А.М. (10) од Палатица, А.М. (6) од Боговиње и А.Р. (15) од Долно Палчиште. На местото на несреќата увид извршија полицијата и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а случајот е во тек на расчистување.