Крв се проли на Кабул: Има многу загинати и повредени, а меѓу нив и деца

од desk2

Најмалку 16 лица загинаа, а 59 други беа повредени во денешниот двоен бомбашки напад во авганистанската престолнина Кабул, пренесоа светските новински агенции. Меѓу жртвите и повредените има жени и деца.
Властите потврдија за две експлозии во два реона на градот и судири меѓу полицијата и напаѓачите.

Подоцна Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите. Бомбаши-самоубијци се саморазнесоа пред други борци да започнат престрелка со органите на редот.

Минатиот месец од бомбаш-самоубиец загинаа најмалку 20 лица до Врховниот суд во Кабул. “Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини