Девојче (14) почина денес по пукањето за време на концерт во американската држава Јужна Каролина. Уште 14 лица се повредени, соопшти полицијата, а се уште нема информации за напаѓачот.
Во неделата попладне избувнала тепачка на недозволен и ненајавен концерт, објави полицијата на Северен Чарлстон.
Полициските службеници одговориле на повикот за пукањето околу 22 часот и на лице место затекнале неколку ранети лица, рече заменик директорот на локалната полиција, Скот Декард.
Жртвите при пукањето добиле помош на самото место, а потоа биле пренесени во локалната болница. Полицијата таму пронашла уште неколку ранети лица, кои самостојно отишле во болница.
Според Декард, првичната истрага покажала дека избила тепачка во близина на бината, а после тоа се слушнале истрели.
Информациите за напаѓачот сè уште не се достапни.
https://twitter.com/bobmuellerwkrn/status/1396565125981691908?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1396565125981691908%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fkrvavi-dan-u-americi-devojcica-ubijena-na-koncertu%2F