Крвав викенд во САД: Повеќе од 30 лица загинаа во престрелки

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Повеќе од 30 луѓе беа убиени во престрелките минатиот викенд за време на кој Соединетите држави го одбележаа Денот на сеќавањето.

Десетици жртви, од кои 13 во Филаделфија, ги загубија животите поради насилството што се шири низ нацијата.

Меѓу жртвите во Филаделфија се Џералд Паркс (38) и неговиот син кои беа убиени во нивниот автомобил, пренесува „Њујорк пост“.

Во друг инцидент во оваа сојузна држава, две жени загинаа, а едно 14-годишно дете беше повредено во пукање на забава.

Најмалку шест лица загинаа, а 34 други беа повредени во Чикаго за време на викендот.

Во еден инцидент во овој град, осомничениот убил 69-годишен маж, а напаѓачот подоцна се забарикадирал во напуштена зграда.

Четири лица загинаа во Мериленд, меѓу кои и 17-годишно момче.

Вооружен напаѓач пукал на фестивал во Оклахома во саботата вечерта. Едно лице загина, а седум се повредени. Осомничениот Скајлер Бакнер (26) подоцна се предал на полицијата.

Во Њујорк, две лица загинаа во одделни инциденти во Бруклин за време на викендот.

Фатални престрелки имало и во Тампа, Мемфус, Фресно и Атланта.

Викендот на насилство уследи откако напаѓачот Салвадор Рамос (18) уби 19 ученици и две учителки во основното училиште Роб во Тексас.

Слични содржини