Крвава драма во Скопје: Ја избодел до смрт пред ќерка им, па избегал

од Марта Пешевска
324 прегледи hand holding a bloody knife on a black background,Social Violence Halloween Concept, photo of Serial diabolic killer, self defense martial arts Fighting

Маж од Скопје е осомничен за брутално убиство на својата вонбрачна партнерка, извршено пред очите на нивната петгодишна ќерка. Во нападот, што се случил во домот во Шуто Оризари, тој ѝ нанел повеќе убодни рани во вратот и градниот кош, со намера да ја усмрти. Жената починала на лице место.

По делото, избегал со помош на второ лице кое му дало облека и го превезло до близина на граничниот премин Табановце. Таму бил оставен сам, но брзо бил пронајден и уапсен.

Истрагата открила и други докази – ножот со кој било извршено убиството и облеката на сторителот, кои ќе бидат вештачени. Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за двајцата осомничени – за убиство и за помагање по извршено кривично дело.