Крвава ноќ во Африн: Болниците се преполни од убиени и ранети жени и деца по турскиот оган ( видео 18+)

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Лекари им ги  спасуваат животите на цивилите  доброволно, без да примаат плата

20160219.omxpmtesta

Турската артилерија им нанесе силен удар по Курдите во сириската провинција Алепо.Доцна на 18 февруари од територијата на Турција беше напаѓана  курдската  енклави Африн во Алепо, како резултат на што се повредени и убиени мирни граѓани, вклучувајќи жени и деца.Исто така турската артилерија, сместена во близина на Килис, има изработено артилериски напад на позициите на курдските одред на народната самоодбрана (YPG) и Демократскиот фронт, лоцирани во близина на градовите Аазаз и Маре во Северна Алепо.

Курдските сепаратисит  и волонтерите од Демократскиот фронт на Сирија  ја продолжуваат офанзивата кон Аазаз, кој се наоѓа на 5 километри од сириско-турската граница. Таму се наоѓаат базите на поддржани од турските власти екстремисти. Бомбардирањетона не е прво. Како резултат на бомбардирањето во последните денови се убиени и повредени голем број мирни жители. Курдски медиуми раширија фотографии и видео од местата на последните активности на Ердоган. “Турција убива Курди “, таквите коментари стојат под ноќни слики од Африн. “Во моментов во централната болница на Африн лекари им помагаат на граѓаните.

https://youtu.be/Z2Udmpvu7Zo

Лекарите во Африн се вистински херои. Покрај тоа што повеќето од нив доброволно се вратиле пред три години по родните места, тие не добиваат ниту денар за својата тешка работа. Плати во Африн нема. Додека Турците тврдат дека се борат со терористите, денес нивните проектили за првпат паѓаа директно врз градот и цивилното население.