68
Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се случила пресметка меѓу две групи малолетници, при што едно лице било повредено со остар предмет. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал со вербална расправија, која брзо ескалирала во физички конфликт.
Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдуваат дека кај нив е примен ученик од Средното училиште за дуално образование „Ѓорги Димитров“, кој имал убодна рана нанесена во угостителски објект во општина Карпош. Полицијата работи на расветлување на случајот, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата. Состојбата на повредениот ученик моментално е стабилна.