Крвичниот совет на Основен суд Гостивар го укинал притворот на Кичеец

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Решението да се укине мерката притвор на Зоран Милески – Кичеец ја донел кривичниот совет на Основен суд Гостивар. Од Основен суд за МИА потврдија дека постапувале по жалба на одбраната на осомничениот и кривичниот совет донел решение за преиначување на мерката.

Од судот нагласуваат дека, одлуката е донесена во работно време и според законските рокови за решавање по жалба од 48 часа.

Милески е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота во која загина 34 годишен гостиварец. Според првичните сознанија на истрагата, било утврдено дека тој додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје. На магистралата Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

На 7 септември, попладнето Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Во барањето е наведено дека има опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и повторување на делото.

Милески е на издржување на три годишна затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга и користел погодности заради здравствени причини.

Слични содржини