Во просториите на Домот на АРМ, Црвениот крст на Град Скопје инофмираше дека денес ќе се оддржи по 17. пат крводарителска акција во чест на нашиот непребол, Тоше Проески.
Оваа акција ќе се оддржи во предвиденото време од 9 до 17 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв“, истакнаа лица од организациите.
При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.
За потсетување, нашата музичка ѕвезда со светски амбиции, Тоше Проески, животот го загуби во сообраќајна незгода на пат кон Хрватска, кога имаше само 26. години.