Кржаловски: Бесмислено да се блокираат уставните измени

од Берта Китинска
266 прегледи

Не гледам смисла во опстојувањето на опозицијата на блокрањето на уставните измени, бидејќи откако се ова се помина сега е бесмислено да се блокираат уставните измени. Досега Бугарите не блокираа, а сега самите себе се блокираме, вели Александар Кржаловски, аналитичар и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Во интервју за Сител, Кржаловски рече дека тоа го смета за задоцнета реакција на опозицијата, бидејќи времето за референдум и негласање на уставните измени е поминато Тој го нагласи и фактот што ниту една партија нема против за внесување на други малцинства во Уставот, вклучително и Бугарите.

„Ако нешто се сакаше да се направи, во смисла на референдум или негласање на уставните промени, мислам дека тоа време се пропушти и не гледам многу смисла. Дури не гледам ниту смисла во опстојувањето на блокрањето на уставните измени, бидејќи откако се ова се помина, сега е бесмислено да се блокираат уставните измени. Суштински, никој нема против самиот тој амандман да се додадат други малцинства вкучително и Бугарите во Уставот, бидејќи сите се имаат изјаснето, порано или покасно, дека суштински, содржински, тоа не е проблем. Проблем е што сето тоа е наметнато, условено од она што го правеше Бугарија. Но, самиот факт да се внесат Бугарите, бугарското малцинство или кое било малцинство, не е проблем за ниту една партија. Во таа смисла станува безмислено, бидејќи сега самите себе се блокираме. Досега Бугарите не блокираа, сега со блокирање на уставните измени ќе се блокираме сами“,рече Кржаловски.

Слични содржини