Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, Александар Кржаловски за РСЕ вели дека доста е чудно, па вели и бесмислено да се прават вакви протести веднаш по изборите бидејќи граѓаните го кажале своето мислење со гласањето.

Потсетувајќи на големата загуба на гласови на изборите кои ја доживеаа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, освојувајќи вкупно околу 250 000 гласови помалку од претходните избори, Кржаловски вели дека периодот од сто дена требало да се искористи на поинаков начин.
„Токму затоа треба интроспекција, односно поглед внатре, а не само да се повикува на нови протести колку да се капитализира на евидентното незадоволство на граѓаните. Но се уште повеќето граѓани сметаат дека тоа е подобро отколку вакво ВМРО-ДПМНЕ и наместо самите да се преиспитаат сега се оди на очекуваното зголемено незадоволство на граѓаните, пандемијата која се очекува да удри силно и врз економијата есенва“, вели Кржаловски.