Кржаловски: Бугарските пратеници повторно го блокираат напредокот на Македонија во Европскиот парламент

од Марта Пешевска
16 прегледи

Гласањето за извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент е одложено поради амандмани поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Ова го одразува повторното блокирање на процесот кое доаѓа како резултат на бројни амандмани од бугарските европратеници, кои според експертите, со стотици измени ја успоруваат европската интеграција на Македонија.

Александар Кржаловски од МЦМС во емисијата „Вин-Вин“ појаснува дека ваквите ситуации се чести и дека во Европа реално не се зборува многу за овие прашања, за разлика од силните дискусии што се водат во Македонија и Бугарија. Тој смета дека бугарските пратеници намерно ја користат процедурата за да го блокираат напредокот, особено по францускиот предлог.

Од друга страна, Андреја Стојковски од Институт Преспа нагласува дека Македонија не треба да бара дополнителна потврда за својот јазик и идентитет од Европскиот парламент, туку тоа треба да се сфати како реалност што треба да се заштити. Според него, ваквите прашања не треба да бидат предмет на долги дебати во Европа, туку да се решаваат со паметни и цврсти договори.

Слични содржини