Кржаловски: Да се попишеа сите од дијаспората ќе бевме 2,4 милиони

од Nikola Popovski
286 прегледи

Битно е што го завршивме пописот, колку и да се оспорувани резултатите. Мислам дека е професионално и стручно направен. Зад целосниот опфат стоеше објаснување дека ја дава целата бројка на резидентното население. Се расчисти дилемата за бројката на албанско население и повеќе нема да има расправа за тоа, бидејќи и по вкупно попишани и резидентно Рамковниот договор останува на сила, ако тоа беше стравот кај некои учесници. Мала грешка беше објавата на двата податоци и за надвор од државата. Битна е бројката на резидентното население. Ќе се расчисти мистификацијата, вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за денешните резултати од долгоочекуваниот попис.

Според аналитичарот сега може да се заокружи приказната.

-Ако не се лажам 2,4 милиони е бројот на издадени државјанства од независност до денес. Тоа се 600.000 што ОН ги објавија дека се иселени што е веројатно така и затоа е нецелосен пописот. Да се попишавме сите ќе имавме целосна слика од 2,4 милиони граѓани. Проблем се овие 132.000 административно запишани, бидејќи ќе ни ги растурат анкетите, додаде Кржаловски.

Слични содржини