Кржаловски: Клуб може да се вика и „Адолф Хитлер“, кај нас нема забрани за име

од Nikola Popovski
291 прегледи

Имаше и други здруженија како случајот Радко, кој нашиот Уставен суд го забрани, меѓутоа Судот во Стразбур пресуди во корист на здружението, па после тоа се дозволи да биде регистрирани. Нема кај нас забрани за име, кое име сакаат можат, ако сака некој може да се именува и по Адолф Хитлер. Не може да забрани никој, ако целите на здружението не се уривање на уставниот поредок, како единствена забрана во законот. Тоа што беше од Министерството за правда, се однесува дека не го користат името Македонија. Само кога содржи име Македонија, мора да добие дозвола, бидејќи не го содржело името Македонија, не дека било забрането или дека не добило дозвола да се регистрира, вели политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за случајот со бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Според него, посетата на бугарската делегација на Битола на отворањето на клубот покажува колку само ние не се разбираме.

-Двете влади требаше да се искоординираат за ваков настан. Требаше да се сретнат Ковачевски и Петков, кога веќе тој дошол на забава во Македонија. Сепак сметам дека тој го плати данокот на неискуството. Кога стана премиер, сакаше да го реши спорот, но поискусните политичари, особено Каракачанов и Захариева, го изиграа и го спуштија од намерите и ја дестабилизираа владата. Му се ниша фотелјата. Тој иако има личен рејтинг добар, партијата му паѓа. Сега мислам дека нема да има договор во јуни, се убиваат шансите, смета Кржаловски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини