Кржаловски: СДС ќе ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Антиреформската влада предводена од СДС одлучи да ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа со која во изминатите три години се издвоивме како единствена земја и лидер во регионот кога е во прашање модернизацијата на системот на образование до 18 годишна возраст, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ

-Наместо да обезбеди континуитет во воспитно образовниот процес во средните училишта, согласно наставните програми и учебници зад кои стои најголемиот светски провајдер во оваа област кој функционира во состав на престижниот британски универзитет Кембриџ средношколците ќе учат по застарена и некомпатибилна програма. Овој чекор е последица на некадарноста на структурите на СДС, недостигот на идеи и јасен концепт за унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата. СДС укинува реформа која донесе значајни промени и исклучителен квалитет во македонскиот образовен систем, што е потврдено и во извештаите од мониторингот на Кембриџ – вели Кржаловски.

Укинувањето на екстерното, укинувањето на дел од дисперзираните студии и намалувањето на државните квоти за студирање, според Кржаловсски навестуваат дека наместо да оди напред, образовниот систем ќе се врати неколку стотици чекори назад.