Кржаловски: Уставните измени ќе се случат брзо

од Берта Китинска
253 прегледи

Александар Кржаловски од МЦМС прогнозира дека уставни измени ќе се случат брзо. Според него уставните измени ќе можеби и до Нова година.

„Од самоувереноста на некои политичари од власта, дури мислам дека некои од пратениците и се кандисани, односно се убедени на еден, на друг или на трет начин, каде што двата не се баш пожелни – или се закани или поткупи, зашто не верувам дека со добра волја се убедени дека е тоа добро и дека затоа би гласале. Тоа го нарушува и ова што Мицкоски го истакнува дека имало консензус во партијата и дека сите се против гласање. Значи, во прашање е трговија со своето достоинство и интегритет и ќе се сведе на тоа“,рече Кржаловски во дебатата во „360 степени“.

Слични содржини