КСС на 30 март на предупредувачки штрајк

од Берта Китинска
301 прегледи

Дел од гранските синдикати и КСС донесоа одлука да излеземе првично на улица на 30 март во 15:30 часот пред Собранието и да го искажеме нашето незадоволство затоа што уште во ноември минатата година испративме допис до сите пратеници барајќи усогласување на платите согласно минималната плата која во тој момент беше 15.200 денари, изјави денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од КСС бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку Владата не ги исполни нивните барања, најавуваат генерален штрајк.

– Ова е предупредувачки штрајк што одлучивме да го направиме како една поблага мерка. Се разгледуваат најразлични чекори за понатамошна радикализација за стапување во генерален штрајк, има најразлични предлози од нашето членство. Пуштени се анкети во кој облик сакаат да го изразат своето незадоволство. Како ќе одлучи членството, така ќе биде, рече Ралповски.

Соопшти дека барале состанок со владини претставници, пред се, со премиерот Димитар Ковачевски, но оти досега не се сретнале со никого. Денеска, како што посочи, се поканети да присуствуваат на Економско-социјалниот совет.

Слични содржини