КСС предлага: Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја

од Берта Китинска
190 прегледи

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

-Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

Слични содржини