Наместо извршување на судските пресуди кои што се правосилни и обврзувачки надлежните во АД ЕЛЕМ и во нејзините подружници почнаа пресметка со нашите синдикални претставници од позиција на моќ на власт. Така што беа пријавувани во разни институции, малтретирани, а во последниот месец претседателот на гранскиот Синдикат за енергетика и рударство при КСС доби суспензија на работното место, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Од причина што не застанавме тука и продолживме со барањето на правдата која што поради неизвршување на судски правосилни пресуди е кривично дело во текот на вчерашниот ден еден од нашите синдикални претставници од СО на ПОД Новаци доби заканувачко писмо со закани по неговиот живот и неговото семејство, доколку не се откаже од синдикалната организација. За сето ова е пријавено во полициската станица во Битола и направен е соодветен записник за покренување на истрага за пронаоѓање на сторителот, истакнуваат тие.