КСС: Работникот во Македонија ќе ги почитува работодавачите и политичарите онолку, колку што тие го почитуваат работникот

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија им го честита 1ви Мај, меѓународниот ден на трудот на сите работници!

„Борбата за работничките права се води секој ден… Оваа година немаме потреба симболично да го одбележиме овој ден, затоа што сме во синдикална пролет и борбата е секојдневна.

Од многуте светски и домашни кризи кои се појавија, економска, здравствена, социјална, енергетска… најмногу е погоден обичниот работник кој сите вртоглави покачувања на цените на основните производи, горивата, струјата го погодуваат најмногу и го осиромашуваат. А, она што го добива во замена за неговиот труд е многу малку за да може еден обичен работник да издржи еден цел месец и да обезбеди достоинствен живот за себе и за своето семејство!

Работникот се повеќе и повеќе е обесправен, потценет, понижен…

Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи ТРИНЕДЕЛНИОТ ШТРАЈК кој го започнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работницте нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат!

Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати! И се уште најдобриот начин за унапредување на своите права е преку синдикално здружување и синдикално делување!

Затоа на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, затоа што кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор!

А, на работодавачите и високите политички елити им порачуваме дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот!

Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот!“

Слични содржини