КСЗД: Случајот со Ембла е најтежок облик на дискриминација во првиот квартал од годинава

од Берта Китинска
288 прегледи

Најтежок облик на дискриминација во првиот квартал од годинава е случајот со 11-годишната ученичка со посебни потреби во ОУ „Братство“ во Гостивар, за кој Комисијата утврдила сегрегација, постапувајќи по службена должност, информираа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

За случајот со девојчето од Гостивар, велат од КСЗД, Комисијата постапи по службена должност и утврди продолжена дискриминација, исклучување и сегрегација. Иако ова беше потежок облик на дискриминација, посочуваат од КСЗД, по укажувањето и препораките на Комисијата, ова е еден од ретките случаи во кои имаме добиено сеопфатен одговор кој значи постапување по сите препораки.

„Дел од нив беа веднаш исполнети од училиштето – како на пример враќање на девојчето во одделението, правење посебна програма за нејзините потреби и извинување на родителите. Училиштето нѐ информираше дека во соработка со регионалните ресурсни центри ќе обезбеди посебна просторија која ќе има асистивна технологија и дека во соработка со училиштето „Златан Стремец“ е во постапка на изготвување програма за сензибилизација на вработените во училиштето и на родителите“,посочи Игор Јадровски, член на КСЗД.

Ембла Адеми, 11-годишното првиот ден од второто полугодие годинава не го почна во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката бидејќи таа има Даунов синдром.

Слични содржини