КСЗД утврди дека Антикорупциска го дискриминирала Апасиев

„Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, па вие докажувајте се пред суд како, нели, не требало да го објавите решението на вашиот веб-сајт“, порача лидерот на Левица

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Фејсбук

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација кон пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Апасиев најави и тужба и истакна дека ќе бара оштета.

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА врз мене сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата, поради неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек!

Ами сега бе, “правничишта”?

Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, па вие докажувајте се пред суд како, нели, не требало да го објавите решението на вашиот веб-сајт, иако законот тоа изрично го пропишува“, напиша претседателот на Левица на социјалните мрежи.