Куба стана првата земја која е го елиминира преносот на ХИВ вирусот и сифилис од мајка на бебе, објави Светската здравствена организација (СЗО), пренесе “Ројтерс”.
Генералниот директор на СЗО Маргарет Чан изјави дека ова е “едно од најголемите можни достигнувања за јавното здравје” и важен чекор кон “една генерација, слободна од СИДА”.
Во последните пет години земјите од Карибите значително го зголемија пристапот до антиретровирусни лекови како дел од регионална иницијатива за отстранување на пренос на болестите од мајка на дете.
1.4 милиони жени носители на вирусот на ХИВ, забременуваат секоја година. Без третман, околу 45% од нив го пренесе вирусот на своите деца.
