Куба враќа од Боливија 226 свои лекари по оставката на Моралес

од Aleksandar Petrovski
240 прегледи

Група од 226 кубански лекари се враќаат од Боливија во Куба, по одлуката на властите во Хавана за нивното враќање заради промена во боливиската власт.

Претставникот на Интерпол во Боливија Роналдо Mиљарес изјави дека полетал авион со 226 кубански државјани, и додаде дека сите тие биле лекари кои се враќаат на Куба.

Групата е дел од 726 Кубанци испратени од властите во Хавана за помош на Боливија, но по промената на власта одлучено е да се вратат.

Куба и Венецуела досега биле најголеми регионални сојузници на левичарот Ево Моралес, која пред неколку дена поднесе оставка на функцијата претседател на Боливија, а власта ја презеде десничарската сенаторка Хенин Ањес, кој веднаш го призна опозицискиот лидер на Венецуела, десничарот Хуан Гуаидо.

Слични содржини