Во септември, Куба стана првата земја во светот што започна масовна вакцинација на двегодишни деца против коронавирусот.
Иако вакцините против коронавирус не се задолжителни во Куба, родителите и децата пополнуваат клиники и болници за да ги вакцинираат своите деца. За да им олесни на најмалите, лекарите и медицинските сестри носеле уши на Мики Маус и донеле кловн кој ги забавувал децата, пишува Си-Ен-Ен.
„Ми олесна“, рече Лаура Тијерас откако нејзината четиригодишна ќерка ја прими првата доза од кубанската домашна вакцина Соберана.
„Многу луѓе се разболеа покрај вакцината. Позаштитени сме вака“, додала таа.
Cuba began a massive vaccination campaign for children between the ages of 2 and 10, becoming one of the first nations to do so. Health officials say Cuba's vaccines have been found safe to give to young children, AP reports. https://t.co/bw6zlbhZvW
— Bloomberg (@business) September 17, 2021
Во текот на еден ден во поликлиниката во Хавана, каде што Си-Ен-Ен и други медиуми беа поканети да ја снимаат вакцинацијата, беа вакцинирани повеќе од 230 деца на возраст од 3 до 5 години, рече администраторот на клиниката.
Како и возрасните кои се вакцинирани, така и на децата во Куба ќе им бидат потребни три дози.
Со доаѓањето на делта сојот, случаите кај децата се зголемија.
#DeclaraciónEspecial de los jefes de Estado que componen la #CELAC en contra del #Bloqueo Económico, Comercial y Financiero de los #EstadosUnidos contra #Cuba https://t.co/vSVdVKtkRA
— Cuba 🇨🇺 en Resumen (@cuba_enresumen) September 20, 2021