Кубанскиот ремикс на познатата песна “Макарена” забележа 30 милиони прегледи на YouTube.
“Макарена” е снимена во 1992 година од шпанското дуо “Лос дел Рио”, која ја изведуваат Антонио Ромеро и Рафаел Руиз.
Многу брзо наивната мелодија и прост текст го освоија речиси целиот свет.
Во 1996 година “Макарена”, во изведба на американската група Bayside Boys 14 недели ја предводеше хит парадата на списанието “Билборд”.