Куче спасило бебе од дадилка која го малтретирала (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Пар од Јужна Каролина ја најмиле 22-годишната Алексис Кан како дадилка на нивниот седуммесечен син Фин.

Родителите ги направиле сите правилни чекори, пишуваат странски медиуми, а Алексис изгледала како совршен избор.

Меѓутоа, забележале дека нивното куче Килијан станало исклучително заштитнички настроено кон Фин, особено кога Алексис била во куќата.

Покрај тоа, Килијан станувал сè поагресивен кон дадилката. Еден ден, Бенџамин и Хоуп, родителите на малиот Фин, одлучиле да ги следат своите инстинкти.

Хоуп го оставила телефонот под каучот и снимила што се случува додека таа и нејзиниот сопруг биле на работа.

Откако ја слушнале снимката, биле преплашени. Слушнале удари, шамари, викање и плач.

Алексис го малтретирала детето, а однесувањето на кучето ги довело до вистината.

Алексис беше осудена на три години затвор и влезе во регистарот на злоставувачи на деца.

Слични содржини