Една постара дама и нејзиниот миленик италијански хрт – звучи како прекрасен почеток на една слатка историја, нели? Случајот сепак за малку не станува црна хроника. Според неодамнешниот извештај, куче веројатно станала причина за инфекција која ја однела газдарицата на продолжен престој во болница и со потенцијално фатална сепса, пишува IFL Science. За среќа, овој пациент преживеа, но сторијата покренува некои интересни прашања за се поблиските односи со нашиот миленик.

dzukela

Инфекцијата е предизвикана од бактеријата Capnocytophaga canimorsus која често се среќава во устата на кучиња и мачки. Се смета дека до три четвртини од здравите кучиња ја носат оваа бактерија во устата. Таа нема никакво влијание врз самите животни, а и ретко се случува за луѓето кои доаѓаат во контакт со оваа бактерија, да има медицински последици.

Но, од време на време, може да се појават проблеми, особено ако имате ослабен имунолошки систем. Со смртност од 30%, чувствителноста кон Capnocytophaga canimorsus е особено зголемена кај постарите луѓе. Интересно во овој случај е дека пациентот ја фатил инфекцијата преку лижење од куче, а не од каснување, како што почесто се случува.

Кога инфекцијата е предизвикана од кучешко каснување, последиците можат да бидат многу тешки, вклучувајќи гангрена и ампутација. Потенцијалот за ширење на оваа бактерија од лижење од куче кое често се гледа како знак на благодарност кон домаќинот, може да не натера да се дистанцираме од нашите миленици.

Каснувањата од куче одамна се поврзани со пренесувањето на болести. Беснилото е причина за околу 60 000 смртни случаи годишно, најмногу во земјите во развој. Познати се и голем број на други штетни организми кои се пренесуваат од кучиња на луѓе. Блиски односи со нашите кучиња може да помогнат за предавање на бактерии директно од животното, или од загадена средина.

Слични содржини