Кучињата на Бајден пристигнаа во Белата куќа

од Берта Китинска

Кучињата на првото американско семејство Чемп и Мејџор се преселија во Белата куќа и со тоа ја оживеаја долгата традиција на претседателски миленици, која ја прекина Доналд Трамп.

„Чемп ужива во својот нов кревет за кучиња покрај каминот, а Мејџор обожава да трча преку тревникот“, рече Мајкл Лароза, портпарол на американската прва дама Џил Бајден.

Чемп и Мејџор се германски овчари. Првиот има 12 години, а вториот е две. Бајден го зеде од прифатилиштето и тој е првото посвоено куче во Белата куќа. Тие одат по стапките или поточно по шепите на Бо, португалскиот воден пес на Барак Обама и Берни, шкотскиот териер на Џорџ В. Буш.

Трамп ја прекрши таа претседателска традиција, како и многу други, а за време на неговиот мандат немаше миленичиња во Белата куќа. „Како би изгледал како да шетам куче по тревникот во Белата куќа“, рече тој намуртено.

Слични содржини