Ќучук: Би било огромен пропуст доколку Бугарија не и подаде рака на С. Македонија

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Ќе биде огромен пропуст доколку Бугарија не им пружи братска рака на своите браќа и сестри во Северна Македонија. Ова го изјави европратеникот од ДПС и известувач на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук за „Дарик радио“.

Тој ја опиша како многу добар знак претстојната посета на двајцата претседатели – бугарскиот и македонскиот – за прославите во Рим по повод 24 мај.

Според него, сепак, постои „пријателски притисок“ од Европа да ги реши проблемите со Северна Македонија.

„Кој треба да отстапи? Двете страни мора да преземат чекори, да го зачуваат лицето, достоинството. Република Северна Македонија нема да има никакви претензии како држава за постоење на македонско малцинство во Бугарија“, рече Ќучук, нагласувајќи дека ова е позицијата на македонските политичари со кои разговарал.

Тој исто така го коментираше ставот на САД за спорот меѓу Бугарија и земјава и интеграцијата на С.Македонија во НАТО и ЕУ. Според него, постапките на САД можат да мобилизираат европски ресурси за решавање на прашањата, важно е да се работи заедно со нив.

Постои опција Северна Македонија да се оддели од Албанија и нашиот западен сосед да се движи побрзо на патот кон европската интеграција. Според Ќучук, сепак, спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија може да се претвори во „замрзнат дипломатски конфликт“.

Слични содржини