Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го кочи развојот на ЕУ

од Nikola Popovski
269 прегледи

„Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Ние немаме место во овој простор на попречувачи, имаме место во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од неа, изјавил бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Тој категорично истакна дека не ја поддржува идејата РСМ и Албанија да бидат одвоени во преговарачкиот процес, бидејќи тоа дополнително ќе го искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Ќучук го оцени предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ како најдобар за Бугарија досега:

„Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како топол компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија требаше да биде изготвена од Советот на министри, според Устав -Комисијата за надворешна политика се води од Советот на министри, а не од парламентот“.

„Доколку Бугарија усвои став за предлогот за PCM, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог“, објасни Ќучук.

Слични содржини