Ќучук: Бугарското вето е троен пораз

од Nikola Popovski
336 прегледи

За бугарскиот европратеник Илхам Ќучук, во блокадата на Софија кон евроинтеграциите на Скопје, никој нема победник.

„Сите се губитници. Губитник е и С. Македонија затоа што направи многу реформи на патот кон ЕУ. Губитник исто така е и Бугарија затоа што според мене, двете држави треба да бидат соседи и најблиски во ЕУ. Губитник е и ЕУ, затоа што покажува дека не е во состојба во вакви тешки моменти да игра геополитичка улога. Ова е троен пораз, трите страни губат со тоа“, изјави Ќучук.

Според него, Договорот за добрососедство го гледа како процес и не треба да се споредува со Преспанскиот договор.

„Тие се многу различни, решаваат различен вид на проблеми, додека Преспанскиот договор со Грција става крај, стави точка на процес кој бил во минатото“, вели Ќучук.

Слични содржини