240
Дијалогот меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија е динамичен и треба да добие поддршка од европските партнери, смета известувачот за Македонија во Европскиот парламент и бугарски европратеник Илхан Ќучук.
Според него, односите меѓу двете земји треба дополнително да се развиваат на ниво на секторски политики и да добијат поддршка од целото општество, вклучително и од опозицијата, бидејќи не се доволни само напорите на двајцата премиери.
-Средбата на претседателот Пендаровски со претставниците на ОМО-Илинден секако не помага за добрососедските односи меѓу двете земји, додава Ќучук, објави „БНТ“.