Делегацијата од Бугарија, предводена од бугарскиот европратеник Илхан Ќучук присуствуваше на прославата за Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8-ми Септември во Скопје.
Како што претходно напиша во својата честитка, тој силно верува во успехот на Северна Македонија и смета дека единството и добрососедските односи се клучот за заедничка иднина во Европа.
Тој заедно со пратениците од ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски прошетаа низ Центарот на градот и заедно пристигнаа на прославата во паркот Ибни Пајко, каде ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.
Ќучук денес се очекува од АУЕ ФОН да ја добие титулата „почесен доктор“ – ХОНОРИС КАУЗА, за придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство како претседател на АЛДЕ и дописник на Македонија за Европскиот парламент.