Партијата на алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) со огромно мнозинство го поддржа европратеникот Илхан Ќучук за еден од нејзините двајца претседатели.
АЛДЕ го одржа 41-от Конгрес на 11-12 јуни, земајќи ги предвид тековните исклучителни околности, настанот се случи во хибриден формат во Брисел, Белгија и онлајн.
– Добра вест е што еден од новите претседатели на АЛДЕ е од Источна Европа. Либералите го прошируваат своето географско присуство во Европа и во оваа смисла поддршката не е само признание за политичката партија Движењето на правата и слободата (ДПС), која се етаблираше во изминатите три децении како гарант за либералните вредности, но исто така и за Бугарија и регионот. Испраќаме силна порака до граѓаните во поновите земји-членки и во Западен Балкан, дека нивниот глас се слуша и води сметка за европските процеси, наместо да бидат статични набљудувачи. И ова е исклучително важно, имајќи ја предвид претстојната Конференција за иднината на Европа, чија цел е реформа на ЕУ и преглед на идните приоритети за закрепнување на економијата, дигитална и зелена трансформација , истаќна Ќучук откако ја доби поддршката од либералите.
Либералите и демократите ширум Европа го создадоа своето семејство во 1976 година, а откако растеа, во 1993 година уште повеќе се стремеа кон формирање вистинска европска политичка партија, борејќи се до денес за правата, слободите и либералните вредности.
Со повеќе од 70 партии членки и илјадници индивидуални членови низ ЕУ, АЛДЕ е една од најголемите европски партии, солидно застапена во Европскиот совет, Европската комисија, Европскиот парламент и другите институции на ЕУ.