Ќучук: Не треба да се очекува Македонија да ги почне преговорите во јуни

од Берта Китинска
485 прегледи

Известувачот за Македонија Илхан Ќучук, вели дека не треба да се очекува Македонија да ги почне преговорите во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето влада, односно во моментов таму владее техничка влада.

„Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската унија заедно“, рече Ќучук во емисијата Клик плус.

Слични содржини