Ќучук: Нормално да има песимизам, после толку многу обиди за почнување на преговорите со ЕУ

од Берта Китинска
200 прегледи

Бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нормално е да има песимизам во однос на почнување на преговорите во Европската Унија.

Тој вели дека гледа умерен оптимизам, не може да каже дека се е песимистично.

„Има страни кои гледаат попозитивно на процесот во зависност кој каде е сместен во политичката конфигурација на Северна Македонија, Но е нормално да има песимизам, после толку многу обиди, после толку многу очекувања, дека поддршката за Европската унија, не само во Северна Македонија, но и во земјите од Западен Балкан намалува и тоа е разбирливо од гледна точка на очекувањата“, вели Ќучук.

Слични содржини