Ќучук: Прашањето за македонските здруженија треба да се реши меѓу Бугарија и Советот на ЕУ

од Nikola Popovski
354 прегледи

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук смета дека ако спорот остане само во рацете на премиерите или двете влади, не можеме да очекуваме да биде решен за кратко време.

-Потребно ни е еластичен модел на работа меѓу двете земји. Историските разговори нема да бидат доволни за перспективата, поврзана со членстовото на Македонија во ЕУ. Историјата не може да биде единствено прашање, треба да се гледа и кон иднината, вели Ќучук во изјава за Сител ТВ.

Според него, барањето за вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, но и Црногорците и Хрватите, како што вели тој, е едно општество за сите граѓани, со кое треба да се фалиме, но и да го промовираме како успешен модел во ЕУ, бидејќи силата на Унијата е во единството во различноста.

-Тоа е дијалог кој треба да продолжи во Советот на ЕУ со Бугарија. Ако има прашање кое е проблематично треба да биде решено меѓу нив. За нас темата на човековите права е важна, одговори Ќучук на прашањето како го коментира ставот на Бугарија која не ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права врз основа на регистрацијата на македонските здруженија.

Европратеникот додава дека секоја една држава треба да се грижи за своите граѓани.

-Ако сте граѓанин на Германија и живеете во Македонија, германската држава има однос кон своите граѓани таму. Така е во секое државничко уредување. ЕУ и вредностите на Унијата ни го даваат правото на личен избор, оценува Ќучук, одговарајќи на прашањето дали има македонско малцинство во Бугарија.

Слични содржини