Ќучук: Притисокот врз Бугарија не е патот на Скопје кон ЕУ

од Vladimir Zorba
391 прегледи

„Република Северна Македонија сфати дека патот не е да се изврши притисок врз Бугарија. Билатералното прашање може да се реши само меѓу Софија и Скопје“.

Ова го изјави за БНР Илхан Ќучук, европратеник од АЛДЕ и известувач за преговорите со РСМ во Европскиот парламент.

Според него, претседателите на Бугарија и на Република Северна Македонија оценуваат дека добрососедството е единствениот можен пат за обете земји. Добрососедските односи мора да го вратат важниот историски разговор на современо ниво, што е поврзано со европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Известувачот за преговорите со Македонија се надева и очекува позитивни чекори во наредните месеци.

„Се чини дека постои волја да се врати разговорот на полето на доверба и на полето на Договорот и на конструктивниот разговор“, рече Ќучук.

Тој е категоричен дека нормализацијата на дијалогот меѓу Бугарија и РСМ е единствениот начин да се оди напред.

„Ние немаме интерес да градиме дополнителни sидови меѓу нашите земји“, рече Ќучук. Тој очекува да се отворат границите на деловните и културните врски, потсетувајќи на договорот потпишан меѓу државните новински агенции на двете земји – БТА и МИА.

Во врска со предлогот на португалското претседателство за медијација меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ќучук рече дека станува збор за предлог за почеток на преговори меѓу двете земји. За почеток, Бугарија мора да има дополнителни гаранции дека нашиот национален интерес нема да биде повреден.

Европратеникот истакна дека подобрувањето на билатералните односи не може да се направи со политичка реторика, туку со конкретност.

Слични содржини