Синоќа во центарот на Прилеп осквернавен со кукасти крстови е споменикот на Крал Марко.

Четири кукасти крстови осамнаа денеска на постаментот од споменикот како добро утро за прилепчани.
Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен.
Од Општината велат дека случајот е пријавен во полиција.
„Општина Прилеп го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во полициската станица“, се вели во соопштението.
Неодамна на плоштадот “Александрија” цел на напад беше и споменикот на Александар Македонски, за кого сторителите се уште не се откриени.