Жителот на селото Меченчани објави фотографии на Фејсбук кои покажуваат катастрофални последици од земјотресот што ја погоди областа.
Во земјата се формирале кратери и дупки, некои и во близина на куќите.
– Во селото Меченчани се појави голем проблем со ваквите кратери и никој не знае како да го реши, тие дупки се во близина на куќите и секоја минута чекаме да ги проголтаат куќите – изјавило локалното население.
– Барам помош од експерти или кој било, кој може да го запре ова и да го реши, благодарам – апелираат приложувајќи фотографии.
Хрватска беше погодена од серија земјотреси во последните денови од старата година, но тлото не се смири ниту на првиот ден од новата 2021 година. Последниот силен земјотрес од 6,3 на 29 декември беше почувствуван низ целата земја и регионот и беше 30 пати посилен од тој 22 март, кој беше најсилен во последните 140 години.